Вељановски: Јакимовски и покрај нашите апели продолжува со намерите да „штанца“ градежни дозволи

ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина. Ова е реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата За обнова на Македонија во Советот на Општина Карпош, откако градоначалникот Стевчо Јакимовски на прес конференција објави дека ја прекинува коалицијата со оваа партија поради, како што рече, опструкции, подметнувања, навреди, притисоци, па дури и рекет и закани кон стопанственици

Советникот Роберт Вељановски истакна дека прес – конференцијата на градоначалникот Стевче Јакимовски е реакција на цврстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во Општината.

Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден на преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевче Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија згради во Карпош кои освен за интерес на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи. Јакимовски и денеска сакаше да помине нов ДУП со седум нови згради во Злокуќани. Како и претходните негови обиди за усвојување Дуп -ови со нови згради така и за овој, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не даде подршка на планот и на денешната седница тој не беше усвоен – рече Вељановски.

Тој нагласи дека принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите и ветувањата пред граѓаните се нивните приоритети кон кои се стремат.

Жал ни е што во овие наши заложби градоначалникот не се препозна ниту ни се придружи. Разликата е јасна. Ние од една страна со заложбата за хумана урбанизација и зелен Карпош, од друга страна Јакимовски со неговите заложби за продолжување на бетонизацијата – рече Вељановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот