Веља Невоља ја тресе политичката сцена во Србија: Дали Вучиќ го штител или имал други јатаци

Партијата на слободата и правдата (ССП) реагира по синоќешното интервју на српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин на ТВ Пинк кога тој покажа фотографии од брутално убиените жртви на кланот на Вељко Беливук и нагласува дека „никакви телевизиски емисии и лаги не можат да го скријат фактот дека токму режимот на Александар Вучиќ го создал и со години го штител Беливук“.

-Да не беше така, Беливук ќе завршеше во затвор уште во 2017 година по убиството на Властимир Милошевиќ среде бел ден во центарот на Белград, кога прво се пронајдени, а потоа по наредба на врвот на полицијата, се уништени трагите од неговата ДНК на местото на злосторството“, реагираат од ССП, пренесува Бета.

Според нив, Беливук тогаш бил слободен „иако со правосилна пресуда веќе морал да биде на издржување на затворска казна поради претепување на обезбедувањето на директорот на Партизан Милош Визура“.

Партијата наведува дека ако тогаш Беливук бил задржан во затвор и осуден, тогаш не би можел да ги убиа луѓето чии тела ги прикажуваат Вучиќ и Вулин, ниту цело тоа време да продава дрога.

-Истрагата за криминалниот клан никогаш нема да биде завршена додека не се утврди кој од „врвот“ на власта овозможил и покрај бројните докази и кривични дела непречено да ги рекетира сопствениците на угостителските објекти, да шверцува дрога, да тепа, малтретира, киднапира и да убива луѓе, сметаат од ССП.

Партијата како доказ дека режимот на Вучиќ не се откажува од моделот според кој луѓето од криминалното милје ги контролираат навивачките групи е и ослободувањето после 6,5 години затвор на Ѓорѓе Прелиќ кој со правосилна пресуда е осуден на дури 35 години за убиството на Брис Татон, и таа одлука ја донел Апелациониот суд со кој претседавал „мажот на министерката за правда“.

Од друга страна српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека власта на време не се пресметала со криминалниот клан на Вељко Беливук, зошто имал „јатаци во Министерството за внатрешни работи, во нашите редови“.

Вучиќ по состанокот со Курти во Брисел ги запраша критичарите која истрага ја спровеле тие:

-Кого тие уапсија: Шариќ, убијците на Милан Пантиќ, Славко Ќурувија, се пресметаа со „Земунскиот клан“ дури кога беше убиен премиерот, а убиваа секој ден“, рече Вучиќ.

Според него, оние што не сакаат граѓаните да видат какви злосторства извршила групата, го прават тоа „за да можат да ги користат како нивно екстремно политичко крило, да кажат дека овие луѓе не сториле ништо, но станува збор за навивачите, дури иако им се ставаат главите на луѓето во вреќи кои потоа пливаат надвор“.

„Интересно е како таквите луѓе се обединија во заштитата на правата на мафијашката група, па оставете ги луѓето да размислат чии права ги штитат и зошто луѓето немаат право да знаат што направил некој“, рече Вучиќ.

Тој исто така рече дека судијата на Апелациониот суд, Миодраг Мајиќ, пред да зборува за владеењето на правото, треба да одговори врз основа на кои докази ја ослободи „Гњиланската група“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот