Се проширува истрагата: Веља Невоља и соработниците осомничени за уште две грозоморни убиства, жртвите се сомелени

Фото: EPA-EFE

Истрагата против членовите на организираната криминална група на Вељко Беливук наречен Веља Невоља и Марко Миљковиќ е повторно проширена со нова наредба од 8 јули за уште две кривични дела тешки убиства, потврдува Обвинителството за организиран криминал за српските медиуми. Претходно, криминалната група Беливук, е обвинета и за злосторничко здружување, трговија со дрога, нелегално поседување и носење оружје и распрскувачки материи и под тоа обвинение се упасени 30-тина членови.

Според медиумите, групата на Беливук се товари за убиствата на Лазар Вукичевиќ и Александар Глигоријевиќ Пуки, откако претходно, во првата фаза од истрагата тие се обвинети за три убиства, на Милан Љепоја, Здравко Радојевиќ и Горан Величковиќ.

Четворица членови  од овој криминален клан привично се осомничени и за киднапирања.

Нема да ви се верува, ама жестокиот насилник Веља Невоља секоја ноќ лелека и плаче во затворот

Обвинението треба да биде поднесено до 2 август, а тоа е денот кога на Беливук, Миљковиќ и другите членови им истекува шестмесечниот притвор.

Истрагата против водачите Беливук и Миљковиќ е покрената во февруари и тие се осомничени за организирање криминална група која извршила најтешки злосторства, под плаштот на навивчката група „Принципи“ на Партизан, за истовремено со нив паднаа и уште 20-тина други членови на бандата, а под истрага се уште 22 лица.

Недела дена подоцна, уапсен е и А.Ш. и кај него полицијата пронајде снајпер. Нему му е одреден притвор и обвинет е за злосторничко здружување како и за недозволено изработување, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи.

Кога полицијата кон крајот на април изврши претрес во куќа во Ритопек, откриена е скриена просторија за која постои сомневање дека бандата ја користела за мачење и убиство на жртвите. Имено, во неа е пронајдена мелница за месо која е демонтирана и испратена на вештачење.

Анализа на „Њујорк тајмс“: „Која е поврзаноста меѓу Веља Невоља и неговите мафијаши со Александар Вучиќ“

Во мелницата за месо се пронајдени ДНК траги од исчезнати мажи кои завршиле како мелено месо.
Покрај Беливук и Миљковиќ, осомничени се и: М. Б. (36), М. Б. (32), В. Г. (36), М. Т. (33), Ф. И. (29), С. Л. (35), Б. К. (33), Н.Ѓ. (35), В.Д. (46), А.В. (39), Д.Т. (38), Н.С. (33), Н.Л. (41), Н.С. (29), Ж. К. (41), Н.Ј. (50), В. Г. (38), С.С. (39) , В.В. (29) и М. А.

Во мај се  уапсени и М. Л. С. (21), М. С. (40), А.Д. (24) и А.С. (22).

Кај овие четворица при претрес на становите се запленети два пиштоли, воздушна пушка, околу 600 куршуми, мало количество наркотични средства, како и неколку мобилни телефони, компјутери и пари.

Веља Невоља останува во притвор – постои опасност да побегне или да убие уште некој

Веља Невоља останува во притвор – постои опасност да побегне или да убие уште некој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот