Велика Британија денес со нови 9.000 заболени од индискиот сој на ковид-19

Ковид-19 Велика Британија
Ковид-19 Велика Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во Велика Британија денес се забележани нови 9.284 заболени од ковид-19 и 6 починати. Иако бројот на заразени е помал во споредба со бројот на заболени од изминатите неколку дена, сепак во Бртианија во последниве недели продолжува трендот на раст за бројот на болни со делта сојот на коронавирусот, кој за првпат е детектиран во Индија.

Во Лондон, во текот на викендов, како што известува ХИНА, продолжува масовната вакцинација, бидејќи Владата настојува да ја забрза програмата за имунизација со што би се ограничило ширењето на индискиот сој.

Во Англија секој постар од 18 години може да се пријави за вакцинирање против ковид-19. Владата соопшти дека до сега со една доза се вакцинирани 81,6 отсто од возрасното население, а 59,5 отсто примиле две дози на вакцина.

Премиерот Борис Џонсон минатата недела рече дека укинувањето на локдаунот е одложен за 19 јули, за да што повеќе луѓе се вакцинираат со што би се намалил ризикот за преоптоварување на здравствениот систем во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот