Величковски: Со сите сили да пробаме да го изненадиме силниот Будуќност

МЗТ ја брка првата победа во АБА лигата/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

МЗТ Скопје Аеродром денеска на гостински терен во Црна Гора од 19.00 часот ќе го игра третиот натпревар оваа сезона во АБА лигата против Будуќност.

Уште еден екстремно тежок меч за „сино-белите“ после стартните два порази од актуелниот шампион во регионалното натпреварување, Црвена звезда (87:67) и Партизан во Скопје (74:92).

Се очекува играчите предводени од тренерот Александар Петровиќ да го дадат максимумот против фаворизираниот противник со повеќекратно поголем буџет.

Адем Мекиќ сè уште е надвор од составот на македонскиот шампион, а сите останати играчи тргнаа на пат кон Подгорица, каде што ќе се обидат да стигнат до првата победа сезонава.

– Пред нас е тежок натпревар против состав кој е меѓу фаворитите за највисок пласман во АБА. Но, нема однапред да се предадеме. Со сите сили ќе се бориме до крајот на мечот и ќе сториме сè за да пробаме да го изненадиме силниот противник – вели кошаркарот на МЗТ, Бојан Величковски.

Средбата ќе биде директно пренесувана на МТВ-3 како и на каналите на регионалната телевизија Арена Спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот