Величковски: Ни недостасува спортскиот тимски дух, комуникација и дружење

фото: kfsm.mk

Младиот репрезентативец оваа сезона за првпат во кариерата почувствува како е да се игра прволигашка кошарка, и тоа во дресот на МЗТ Скопје Уни Банка.

Повредата го спречи во репрезентативниот континуитет, но оваа сезона доби прволигашко искуство…

Беше дел од онаа селекција на Македонија на играчи родени 2002 година која пред две години стигна до историски резултат, пласман во „А“ Дивизијата. Минатото лето повредата го одалечи од националниот тим „Под 18“ години, кој учествуваше на ЕП од Дивизијата „Б“.

Но, затоа пак оваа сезона, Марко Величковски ќе ја памети по тоа дека за прв пат во кариерата почувствува како е да се игра прволигашка кошарка. Го направи тоа како играч на МЗТ Скопје Уни Банка.

Неговите намери се искрени, но и многу јасни, враќање во дресот на националниот тим, макар што пандемијата со коронавирусот не „дозволи“ ова лето да има и нов настап на едно големо натпреварување.

Еве како овој играч ги користи овие денови на пауза, предизвикани со појавата на коронавирусот:

За сите нас спортисти ова е тешка ситуација. Но, ние во нашата спортска кариера научени сме брзо и лесно да се прилагодуваме во новонастаната ситуација. Од самиот ден кога кошарката прекина, направив секојдневен план и програма за одржување на мојата форма. Најчесто денот го започнувам во мојот двор земајќи го баскетот и вежбам на мојата техника (ball – handling). Потоа работам на моите физички способности правејќи вежби од типот на планкови, склекови, згибови скокови на јаже…

Со олабавување на мерките, понекогаш, кога бев во можност денот го завршував со шутерски тренинг на кош, на отворено игралиште. И покрај мојата организација, едвај чекам сè да се врати по старо да тренираме во кошаркарска сала за да можеме максимално да се подготвиме за следната сезона. Сепак, кошарката е колективен спорт ни недостасува спортскиот тимски дух, комуникација и дружење – се зборовите на младиот кошаркар Величковски за сајтот на македонската кошаркарска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот