Веља Невоља и Месар во паника: Пронајдена ДНК трага од нивна жртва – мислеа дека ако „нема тело – нема дело“

Фото: EPA-EFE

Во криминалната група на Вељко Беливук наречен Веља Невоља и Марко Миљковиќ нарече Месар владее паника откако е пронајдена ДНК трага од една од жртвите и тоа на стадионот во Хумска. Силните момчиња мислеле дека добро исчистиле се зад себе, и Беливук и Месарот биле убедени дека нема да останат долго во затвор.

Водачите на оваа свирепа криминална група сметале дека нема да бидат пронајдени докази и дека евентуално може да одговараат за киднапирање во недостаток на материјални докази за друго потешко дело како убиство. Нивното мото е „нема тело – нема дело“, па Беливук и Месар сметале дека ќе се извлечат.

Тие, како што објавува „Блиц“ по апсењето, заведувале ред во затворот, но откако дознале дека се пронајдени докази, нивното насилничко однесување во затворот спласнало.

За нив шокантно делувала информацијата дека на стадионот е пронајдена ДНК од една од жртвите па Миљковиќ веднаш почнал да се јавува преку телефонот скриен во тег во неговата затворска ќелија и да се заканува и на членовите од групата кои знаат што е правено, како и на оние кои се на слобода.

Моментално се истражува и кој на Марко Миљковиќ кој важи за режисер на свирепите убиства, му го доставил телефонот во затворот. Иако првичните сомнежи биле дека тоа го направил некој од затворските чувари, сепак истрагата полицијата ја одведе во друга насока.

Видео на денот