„Веднаш оди на лекар“: Маникирка ѝ укажала на промена на ноктот, се крие опасна болест

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Доктор О' Донован

Маникирка ја предупредила својата клиентка штом ѝ го видела ноктот. Иако изгледало како модринка, се покажало дека е нешто многу поопасно.

Стејси Бос (32), мајка од Глазгов, забележала тенка кафеава дамка на палецот и била сигурна дека тоа е последица на удар или повреда. По редовна посета кај маникирка за да ги среди ноктите и предупредувањето од жената со која работи, открила дека се работи за рак. Денес дури и се шегува на сметка на маникирката затоа што вели дека добива 10 отсто попуст затоа што нема еден нокт.

Имено, сѐ започнало кога Стејси првпат закажала преглед кај дерматолог за да ја утврди причината за дамката на ноктот на 27 ноември 2019 година. По многу одложувања на операцијата, поради пандемијата на коронавирусот, таа на 27 март годинава отишла на операција на отстранување на ноктот и сечење до коската поради ретка форма на рак на кожата што се јавува под ноктот. Станува збор за субунгвален меланом кој главно се манифестира во кафеава боја на кожата.

Стејси вели дека маникирката ѝ го спасила животот кога забележала промена на бојата под ноктот за која се посомневала дека не е последица на удар или повреда.

„Таа одби да ми направи маникир и ми рече – веднаш оди на дерматолог. Отпрвин бев збунета бидејќи не знаев ништо за тој тип на меланом и кои се симптомите“, рекла Стејси за „Метро“ и додала: „До операцијата, која неколкупати беше одложувана поради пандемијата, дамката сѐ повеќе растеше и растеше. Кога беше извршена операцијата беше сечено до коската, за среќа, сега сѐ е во ред“.

Стејсти вели дека потсвесно знаела дека нешто не е во ред. Чувствувала вознемиреност, целото тело ѝ се менувало, линијата никогаш не поминувала, секогаш била тука.

Што е субунгвален меланом?

Субунгвален меланом е рак на кожата кој се развива исклучиво под ноктот.

Меланом е рак на кожата кој започнува во меланоцитите, клетките кои содржат кожен пигмент. Групирање на меланоцити може да доведе до формирање на бенка (невус). Некои бенки се канцерогени, иако повеќето не се.

Лекувањето на меланомот на ноктот може да биде тежок доколку не се открие во најраните стадиуми, бидејќи може да се прошири и на другите органи.

Меланомот на ноктот најчесто е резултат на прекумерна изложеност на ултравиолетова сончева светлина. Поради тоа, повеќето луѓе го препознаваат меланомот на делови од телото кои се изложени на сонце, како што е, на пример, лицето.

Помалку е веројатно да се посомневаат во меланом на други површини на кожата, на кои исто така може да се појави. Ова исто така важи и за меланомот на ноктите, познат како субунгвален меланом.

Симптомите не се сфаќаат сериозно затоа што оваа форма на меланом често изгледа како обичен подлив под ноктот, а препознавањето може да биде тешко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот