Вечерва значително поскапува дизелот

Од полноќ поскапува „Еуродизелот“, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука, дизелот од утре ќе се продава по нова цена, повисока за два денари по литар, односно по 70 денари.

Цените на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98+“ остануваат непроменети и тие ќе изнесуваат 73,5 денари и 75,5 денари по литар.

Без промена остануваат и цената на екстралесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 67,5 денари, како и на мазутот – 36,1 денар за килограм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот