Вечерни закуски, или што е добро да се поткасне кога веќе е доцна

печени костени/јатки/Facebook
печени костени/јатки/Facebook

Како тргнале празнициве, јадеме и дење и ноќе и во секое време од денот. Но, има луѓе што работат навечер, а преку ден метаболизмот не им бара „храна“, па за нив имаме неколку фини предлози што можат да се вклопат и во посната Бадникова вечера која денес ќе остане нераскрената.

Суво овошје во комбинација со јатки

Ова имате во изобилие. Брусница, слива, кајсија, смоква. Сите овие овошја се супер можност да ги спарите со ореви, лешници, кикирики или бадеми. Една рака од овој микс ќе ве засити и не мора да легнувате гладни.

Варена пченица

Сварена пченица со малку цимет е одлична вечерна закуска или десерт. Освен оваа житарка, можете да јадете и сварена киноа или просо, во комбинација со јатките погоре. Здрав, едноставен оброк кој нема да ви го оптовари стомакот.

Посни крекери со хумус

Ова е можеби најчестата комбинација за вечерно заситување, а може да ви ја спаси вечерта. Крцкави крекери и хумус се одлично мезе без многу претерување.

Печени/варени костени

Костените се многу хранливи и со нив нема да погрешите ако се почестите и навечер. Ако ве мрзи да печете, сварете ги во многу вода и чекајте добро да се изладат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот