Вечер на афоризми на „Струмица опен фестивал“

Во рамки на годинашното издание на „Струмица опен фестивал“ синоќа во Градскиот парк се одржа вечер на афоризми.

Пред поголем број посетитители и почитувачи на оваа категорија пишан збор своите афоризми ги читаа афористичарите Ацо Ѓоргиев, Ристо Филчевски, Љупка Цветанова, Атанас Крлевски и Ѓорги Панов, заедно со гостинката од Република Србија, Нада Караџиќ.

„Струмица опен фестивал“ почна на 9 јуни и досега се одржаа повеќе културни, забавни и спортски манифестации. Програмата продолжува утре со музички фестивал на струмичкото корзо со настап на млади музичари и групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот