Илустрација - надуеност / Фото: Pexels / cottonbro studio

Ве мачи надуеност? Престанете да ги јадете овие пет намирници

Исхраната игра клучна улога во здравјето на дигестивниот систем, додека некои намирници поддржуваат добри бактерии во цревата, други можат да предизвикаат надуеност, непријатност и лошо варење.

Затоа диететичарката и нутриционистка Крутика Нанавати, нутриционистката Сара Кан, диететичарката Џеси Федер, нутриционистката Алана Кејт Дерик и диететичарката д-р Варша Катри издвоија неколку намирници кои можат негативно да влијаат на варењетo.

Гранола

Иако гранолата често се смета за здрав избор поради овесната каша и јаткастите плодови, таа може да предизвика надуеност и лошо варење. Многу верзии купени од продавница содржат додадени шеќери и масти кои го нарушуваат варењето.

– Гранолата се продава како здрава опција со висока содржина на влакна, но повеќето комерцијални граноли се полни со додадени шеќери и тешко сварливи јаткасти плодови и семки кои можат сериозно да го оптоварат чувствителниот стомак – открива Дерик.

Леб со конзерванси

Конзервансите се чести во преработената храна, вклучувајќи го и лебот, и можат да го иритираат дигестивниот систем и да ја нарушат рамнотежата на цревните бактерии. Ова може да доведе до гасови, воспаление и непријатност.

Д-р Катри објаснува: „Многу преработени лебови се збогатени со конзерванси и адитиви. Овие супстанции можат да предизвикаат иритација и воспаление во цревата, а конзерванси како калциум пропионат се поврзани со дигестивни проблеми и надуеност.“

Виршли

Преработеното месо како виршлите се богати со сол и конзерванси, што може да предизвика задржување на вода и надуеност. Тие исто така можат да го забават варењето и да предизвикаат непријатност бидејќи често им недостасуваат влакна.

Федер вели: „Вршлите се многу богати со натриум и конзерванси. Ова може да доведе до задржување на вода, надуеност, гасови и лошо варење. Конзервансите исто така можат да предизвикаат воспаление во цревата.“

Храна со сируп од пченка со висока содржина на фруктоза

Преработената храна што содржи сируп од пченка со висока содржина на фруктоза може да предизвика гасови, надуеност и лошо варење.

– Храната со сируп од пченка со висока содржина на фруктоза често предизвикува надуеност и проблеми со варењето бидејќи се проценува дека до 40 проценти од луѓето имаат проблеми со апсорпцијата на фруктоза – вели Кан.

Таа додава дека овој сируп се наоѓа во газирани пијалаци, слатки, брза храна, но и во некои навидум здрави производи како што се преливи за салата или конзервирано овошје. Таа исто така објаснува дека кога апсорпцијата е лоша, фруктозата оди во дебелото црево каде што ферментира, што доведува до гасови, грчеви и дијареја.

Сланина

Сланината и слични преработени меса се богати со натриум, адитиви и заситени масти, што може да придонесе за надуеност и лошо варење.

– Сланината, колбасите и другите преработени меса се богати со натриум и адитиви како што се нитрати и нитрити. Високиот внес на натриум може да предизвика задржување на вода и надуеност, додека адитивите можат да го оштетат дигестивниот систем и да предизвикаат непријатност – заклучи Нанавати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот