Ватикан ги враќа скулптурите од Партенон на Грција

Ватикан фото МИА

Поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, одлучи да и врати на Грција три стари делови на Партенон кои повеќе од еден век се наоѓаат во папските збирки на ватиканските музеи.

Ватикан известува дека папата одлучил да му ги врати трите парчиња од храмот Партенон на грчкиот надбискуп Јеренимос, како конкретен знак на искреност.

Радио Ватикан објави дека во Рим пристигнале по непознат пат во 19 век.

Партенон, кој се наоѓа на Акропол во Атина, бил завршен во петтиот век п.н.е. како храм на божицата Атина, а неговите украсни делови содржат некои од најголемите примери на старогрчка скулптура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот