Васил Зафирчев и Калиопи / Фото: Фејсбук/Васил Зафирчев

ФОТО | Васил Зафирчев сподели емотивен спомен на Калиопи, ова е нивната приказна

Емотивна приказна за Калиопи од времето на нивните почетоци како двојка сподели Васил Зафирчев.

Калиопи и Зафирчев беа во брак седум години, од 2004 до 2011 година, и останаа пријатели по разводот.

„На денешен ден, 18 февруари 2004 година. Промоција на дуетот ‘Пурпурни дождови’ на ‘Златна бубамара на популарноста’“, напиша актерот на Фејсбук завчера и сподели заеднички слики од овој настан, кога за првпат со Калиопи ја запеа оваа впечатлива балада. Тие се венчаа брзо по нејзината промоција.

„И сега делиме секојдневие. И живот. Со заемна љубов, почит и поддршка. Од бракот со Калиопи научив дека во љубовта најважно е пријателството. А јас, дали сум вљубен… Јас сум лесно вљублива природа. Затоа, секогаш сум исполнет“, рече Зафирчев во едно интервју за „Слободен печат“ и додаде:

„Немам никаков страв од староста, сѐ додека е будно детето во мене. Се негувам, пред сѐ, со добра и убава мисла, со редовна физичка активност и здрава исхрана. Тоа е основата за добро физичко и ментално здравје, неопходни за какви било животни и творечки предизвици“.

Васил е редовен гостин на речиси сите концерти на Калиопи во Скопје, а таа секогаш го поздравува од сцената како специјален гостин и му заблагодарува за поддршката.

Интервју со Васил Зафирчев: Со Калиопи и денес го делиме секојдневието и љубовта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот