Вархеји: БиХ да покаже подготвеност за реформи, да не ја пропушти можноста за добивање кандидатски статус

Оливер Вархеји
Оливер Вархеји / EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска ја повика актуелната влада во Босна и Херцеговина, но и таа што ќе се формира, да не ја пропуштат можноста наскоро да добијат кандидатски статус за членство во ЕУ и да покажат подготвеност за реформи.

Вархеји го повика Советот на министри на БиХ во заминување, како и членовите на новото Претседателство на БиХ, да испратат јасни сигнали дека се подготвени и способни да ги спроведат реформите што се очекуваат од нив.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина и се сретна со највисоките претставници на земјата во Сараево, а по средбата со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина изјави дека пристигнал во клучен геополитички момент.

„Треба да го зајакнеме партнерството, а за тоа ни требаат сигурни партнери”, рече Вархеји, потсетувајќи на одлуката на Европската комисија дека Советот на ЕУ ѝ додели на БиХ статус на кандидат за членство.

Тој предупреди дека конечната одлука за ова прашање ја имаат сите земји-членки на Унијата, но вети дека ќе биде донесена на транспарентен начин, но и со „големи очекувања” од Босна и Херцеговина.

Вархеји објасни дека сега се потребни „опипливи резултати” кои ќе бидат претставени пред Советот на ЕУ, кога во декември ќе ја разгледа препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на БиХ врз основа на барањето поднесено во 2016 година.

Претседателката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, рече дека Вархеји бил информиран за процесот на формирање на владата и за очекувањата тој да биде завршен во наредните недели, за да започнат реформите во новата година.

„Ние имаме разбирање за она што се случува во ЕУ, но сакаме и ЕУ да ги разбере нашите специфики и проблеми”, рече Цвијановиќ, додавајќи дека БиХ искрено сака подобри односи со Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот