Вардарци се засилија со полски репрезентативец

Сè уште актуелниот европски шампион под водство на новата управа продолжува да се засилува за наредната сезона кога ги очекува настап во Лигата на шамионите, СЕХА лигата и домашното првенство.

Последно засилување за „црвено-црните“ е полскиот репрезентативен пикер, Патрик Валчак, кој доаѓа од германскиот второлигаш Либек.

Валчак кариерата ја почнал во Гдањск, а има настапувано е за екипите на Погон Шчечин и на Киелце, додека за полската репрезентација има 39 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот