Вардар замената за Скубе ја најде во Хрватска

фото: СЕХА Лига

Анте Гаџа е најново засилување за „црвено-црните“ за следната сезона.

Екипата на Вардар полека го склопува тимот за наредната сезона и денеска го реши најгорливиот проблем, централната бековска позиција по заминувањето на Сташ Скубе.

Наследникот на одлучниот Словенец е ракометарот на Загреб, Анте Гаџа кој потпиша едногодишен договор со Вардар, со можност тој да го продолжи за дополнителна сезона доклку и двете страни се задоволни од соработката.

Гаџа одигра одлично за Загреб оваа сезона, за хрватскиот шампион постигна 40 гола во Лигата на шампионите, додека во СЕХА лигата, тој е еден од најдобрите асистенти, на 12 натпревари оствари 29 асиснтеции.

Новата управа на Вардар на чело со Михајло Михајловски активно работи за создавање на силен тим за следната сезона, успеа да ги продолжи договорите со поголем дел од играчите од актуелниот тим како Стоилов, Дисингер, Чупиќ, Дибиров, Ристовски, Калараш и Мишевски а ги ангажира и македонските репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талевски како и Јагуриновски, Санталов и Кантегрел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот