Вардар вторпат ја совлада Војводина, две македонски екипи ќе играат на Ф4 во СЕХА лигата

фото: Денис Дуковски/РК Вардар 1961

По триумфот од 38:25 во Скопје, денеска актуелниот македонски шампион Вардар 1961 на реваншот од четвртфиналето во СЕХА-Газпром лигата славеше и во Нови Сад против Војводина овојпат со 32:26.

Војводина подобро го стартуваше мечот стекнувајќи предност од 6:1 по осум минути игра. Србите успешно ја одржуваа предноста, по 15 минути игра на семафорот стоеше 10:5, а на паузата заминаа со водство од 15:11.

Вториот дел целосно му припадна на составот на Владо Недановски кој најпрвин направи серија од 7:1 што беше клучно за преземање на позитивата, минимална од 20:19 во 41 минута од средбата.

Георгиевски и Чувара се погрижија за нешто поголема предност од 24:21, противникот како да го губеше чекорот, во 47 минута по погодокот на Јагуриновски беше 26:22. До самиот крај на дуелот играчите на Недановски рутински ја одработија задачата и така го обезбедија и 10 учество во завршницата на СЕХА.

Кај „црвено-црните“ блескаше Георгиевски со 10 голови, а на спротивната страна за српскиот претставник доминираше Симо Сијан со девет погодоци.

Нашата земја на Фајнал-фор турнирот ќе ја претставува и Еурофарм Пелистер кој претходно го елиминираше Татран Прешов. Ова е третпат Македонија да има два претставници на Ф4, претходно тоа се случи во првите две сезони, кога настапуваа Вардар и Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот