Вардар слави трета победа во Лигата на шампионите

facebook.com/rkvardar

Вардар гостуваше кај Мотор Запорожје во дуел од четвртото коло во Лигата на шампионите, момците на Писонеро успеаја да победат во самиот финиш на еден драматичен дуел со 30:31.

Вардар после првото полувреме имаше негатива од два гола, а со оглед дека имаше само две голмански интервенции во првиот дел може да биде и задоволен од резултатот по првите 30 минути.

Украинскиот шампион и на овој натпревар се покажа како „тврд орев“ за македонскиот и европски шампион, направи серија од 5:0 што му овозможи во 10 минута да има највисоки четири голови предност (10:6).

Првата голманска одбрана ја имаа „црвено-црните“ дури во 19 минута кога Гедбан го замени Кугис и запиша интервенција, благодарение на која во следниот напад преку Дибиров стигнаа до само еден гол негатива (12:11) во 20 минута од средбата. Благодарение на две одбрани на Киреев, тимот на Мотор повторно се одлепи на плус три гола (16:13), додека по првото полувреме имаа водство од 18:16.

Одлично Вардарци го стартуваа второто полувреме, во кое со головите на Чупиќ и два на Калараш го свртеа резултатот во своја корист и поведоа со 18:19. Киреев влезе во низа одбрани, благодарение на кои домашниот тим успеа да поведе со 23:22 во 44 минута од дуелот, додека две минути исклучување доби Атман во редовите на нашиот првак.

Голема битка се водеше до самиот крај на дуелот, двата тима посакуваа да дојдат до „цел плен“. При 30:30 Гедбан брани клучен напад за водство на Мотор, тоа во напад го награди Кристопанс за 30:31 на 90. секунди до крајот. Ривалите не реализираа, нашата клупа побара тајм-аут на 24. секунди до крајот на мечот. Скубе не погоди од чиста позиција, во последниот напад Мотор успеа да реализира од половина терен, но после звукот на сирената.

Во редовите на Вардар 10 голови беа дело на Дибиров, три помалку запиша Кристопанс. Следниот меч европскиот шампион во ЛШ ќе го има на 12 октомври во СЦ „Јане Сандански“ против Кил со почеток од 17.30 часот. Веќе во продажба се билетите за новиот ракометен спектакл во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот