Вардар прв финалист во Купот

„Сино-белите“ од Автокоманда тестираат против кипарски и грчки клубови/Фото: РК Металург

Ракометарите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Металург и се пласираа во финалето на Купот на Македонија откако славеа со 27:22 над тимот од Автокоманда.
Металург кој игра одлично откако на клупата седи поранешниот репрезентативец, Иван Марковски, добро го започна натпреварот и поведе со 2:0, но во 10. минута Вардар веќе имаше предност од четири голови (6:2.).

Потоа следуваше период на подобра игра на ракометарите на Металург кои успеаја повторно да поведат, овој пат со 10:9 по што следеше исклучување на Хорват кое го искористија „црвено-црните“ со мини серија да обезбедат предност на полувемето (14:12).
Во воведните минути од второто полувреме, вардарци направија серија од 5:0 за предност од седум голови (19:12) и практично ги решија дилемите околу пласманот во финалето.

Најдобар во редовите на Вардар беше Иван Чупиќ со седум постигнати голови, шест даде Јотиќ, додека на голот одличен беше Борко Ристовски со 15 одбранети удари. Во тимот на Металург, Серафимов и Калуѓеровиќ дадоа по шест голови. Во второто полуфинале од 19 часот ќе играат Еурофарм Пелистер и Бутел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот