Вардар останува второлигаш, Воска Спорт и Беласица во бараж за Прва лига

воска спорт
ФК Воска Спорт го слави пласманот во баражот за влез во елитата/Фото: facebook.com/FC-Voska-Sport

Вардар успеа денеска во последното 27 коло од Втората лига – Запад да триумфира на Градскиот стадион во Дебар против Кораби со резултат 1:2.

Но, тоа не беше доволно за скопските „црвено-црни“ да обезбедат бараж за влез во Првата лига, бидејќи им требаше и „услуга“ од Силекс да слави против Воска Спорт, но во Кратово мечот заврши без победник (1:1).

Во другите мечеви од рундата: Охрид – Тетекс 2:0, Велешта – Гостивар 1:2 и Беса 1976 – Кадино 7:2.

Конечна табела: Силекс 66 бодови, Воска Спорт 59, Вардар 58, Гостивар 37, Тетекс 36, Беса 1976 35, Охрид 32, Кораби 27, Велешта 18, Кадино 7. Екипите на Кораби, Велешта и Кадино се селат во понизок ранг.

Во Втората лига – Исток бараж за влез во Првата лига обезбеди Беласица која славеше кај Кожуф Гевгелија со 1:3.

На Слога Виница им беше потребен пораз на струмичани, а воедно триумфираат над Победа, но и тоа не се случи, бидејќи прилепчани беа подобри со 1:2.

Во другите мечеви од рундата: Детонит Јуниор – Саса 2:1, ФК Пехчево – Лок. Градско 3:0 и Братство 07 – Осогово 1:4.

Конечна табела: Победа 62 бодови, Беласица 59, Слога Виница 55, Саса 46, Кожуф Гевгелија 37, Детонит Јуниор 34, ФК Пехчево 33, Осогово 31, Братство 07 15, Лок. Градско 7. Екипите на Осогово, Братство 07, Лок. Градско се селат во понизок ранг.

Потсетување дека следната натпреварувачка сезона (2022/2023) ќе има една Втора лига која ќе брои 16 екипи. Познати се 14 екипи, а две ќе дојдат од третолигашките конкуренции.

Бараж двојките за влез/опстанок во Првата лига ќе се дознаат со жрепка во која ќе се најдат Воска Спорт, Беласица, Скопје и Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот