Вардар не е ни во Топ 10 фаворити за титулата во ЛШ!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

И натаму актуелен европски шампион, Вардар 1961 според најновиот ранкинг на ЕХФ не е во конкуренција да се бори за титулата.

Сезонава поради ситуацијата со ковид-19 не се комплетирани сите кола во групите, играчите на тренерот Стевче Алушовски во групата „А“ после три одиграни меча се на петтото место со три бода, шест помалку зад водечкиот Кјелце, но полската екипа има веќе шест одиграни натпревари.

Токму Кјелце е наредниот противник на „црвено-црните“ в четврток (19 ноември) со почеток од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Најновиот ранкинг на Европската ракометна федерација вели дека Барселона има најголеми шанси за трофејот во Лигата на шампионите, следува Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, а на третото и четвртото место се Кјелце и Кил.

На седмата позиција е Порто на нашиот голман Никола Митревски, а на деветтата Нант на Кирил Лазаров.

ЕХФ ранкинг Топ 10 –

1. Барселона (Шпанија)
2. Веспрем (Унгарија)
3. Кјелце (Полска)
4. Кил (Германија)

5. Флензбург (Германија)
6. Алборг (Данска)
7. Порто (Португалија)
8. Мешков Брест (Белорусија)
9. Нант (Франција)
10.Мотор Запорожје (Украина)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот