Вардар има еден од најдобрите стрелци во Европската лига
Ракометарите на Вардар испишаа уште едно значајно поглавје на европската сцена, откако главната фаза во ЕХФ Европска лига ја завршија на првото место во групата. Со тоа скопскиот тим обезбеди директен пласман во четвртфиналето и избегна дополнителни елиминациски натпревари.
Препорачано
„Црвено-црните“ одиграа најдобро кога притисокот беше најголем. Клучни беа победите над Бенфика пред домашната публика и триумфот на гостувањето кај Мелсунген, со што тимот ја потврди лидерската позиција во групата.
Составот предводен од тренерот Иван Чупиќ во тие дуели имаше одличен ритам, а еден од најзаслужните за добрите резултати беше словенечкиот плејмејкер Јака Малус. Средниот бек се наметна како вистински организатор на играта, диктирајќи го темпото и креирајќи шанси за соиграчите, но и самиот беше ефикасен.
Благодарение на таквите настапи, Малус се искачи и меѓу најефикасните ракометари во натпреварувањето. Со вкупно 57 постигнати голови се наоѓа на петтата позиција на листата на стрелци во досегашниот дел од сезоната.
ВИДЕО: Вардар издоминира во Германија и директно оди во четвртфинале


