РК Вардар

ВИДЕО: Вардар издоминира во Германија и директно оди во четвртфинале

Ракометарите на Вардар со убедлива победа го освоија првото место во групата 3 од Европската лига, откако на гостински терен го совладаа германскиот Мелсунген со 34-25.

На „црвено-црните“ им беше доволен било каков триумф за да ја задржат лидерската позиција, а тие одиграа доминантен натпревар и уште од самиот почеток покажаа дека контролираат што се случува на теренот.

Вардар одлично го отвори дуелот и по осум минути игра водеше со 6-1. Германскиот тим накратко се врати во игра и во 16. минута израмни на 7-7, но тоа беше единствениот период кога домаќините беа рамноправни. Македонскиот тим повторно го засили темпото и до паузата направи предност од пет гола за водство од 17-12.

На стартот од второто полувреме Вардар дополнително ја зголеми разликата на 20-12, со што практично го реши прашањето околу победникот. Мелсунген подоцна успеа само привремено да ја намали разликата на четири гола, меѓутоа немаше сила сериозно да го загрози македонскиот претставник.

Најефикасни во составот на Вардар беа Воркапиќ и Франциско со по шест погодоци, додека Боно постигна пет гола. Свој придонес имаа и голманите кои заедно запишаа 11 одбрани.

Со овој триумф, Вардар обезбеди директен пласман во четвртфиналето од Европската лига, каде што ќе го чека победникот од плејоф пресметката меѓу Монпелје и Елверум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vardar.info

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот