ВАР ќе се користи на натпреварот Македонија-Косово

фото:твитер

Денеска Извршниот комитет на УЕФА во Нион (Швајцарија) се согласи да се користи ВАР технологијата во плеј-оф натпреварите во март 2020 за пласман на Европското првенство наредната година.

Во тој бараж се наоѓа и македонската А репрезентација која на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе го игра полуфиналето против селекцијата на Косово на 26. март.

Пет дена подоцна доколку триумфираат избраниците на селекторот Игор Ангеловски, на гостински терен ќе играат во Грузија или Белорусија против една од овие репрезентација како финале кое ќе даде уште еден учесник на континенталниот собир.

Покрај овие натпревари, Европската куќа на фудбалот објави дека ВАР ќе се користи и во европските квалификации за пласман на СП 2022 година.

Да потсетиме дека веќе беше одржана ждрепката за извлекување на групите за Европското првенство 2020 и нашите можни ривали доколку оствариме уште две победи во Лигата на нации, односно Лигата „Д“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот