Вандалски чин: Со спреј врз споменикот на стреланите Срби, Евреи и Роми во Крагуевац

Фото: gradkraguevac.rs

Градските власти во Крагуевац најостро го осудија сквернавењето на споменикот на стреланите Срби, Евреи и Роми во населбата Багремар и апелираа до надлежните институции да ги откријат и казнат сторителите. Како што е објавено на интернет страницата на Град Крагуавец, споменикот е прекриен со графити со спреј.

На местото на споненикот, на 20 октомври во 1941 година, нацистичката војска погуби 41 Евреин и 81 Србин во знак на одмазда за своите убиени војници, пренесува телеграф.рс.

На 20 октомври секоја година, Меѓународниот ден на Холокаустот, местото го посетуваат претставници на градските власти и на амбасадата на Израел при што се испраќаат пораки за мир и толеранција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот