Ван Гал: Како ќе го запрам Меси? Сите ќе видите во петок

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во петок ќе се сретнат Холандија и Аргентина во вториот натпревар од четвртфиналната фаза на Мундијалот.

Овој натпревар ќе биде и реприза на полуфиналето кое го одиграа овие две репрезентации пред осум години на Светското првенство во Бразил. На тој натпревар на пенали победи Аргентина.

Луј Ван Гал сега се надева дека со „лалињата“ ќе може да се одмазди за тој пораз во Бразил каде што исто така Аргентиците ги предводеше Лионел Меси. Ван Гал тврди дека има план како да го запре Меси.

„Дефинитивно Меси е најопасниот креативен играч. На фантастичен начин знае да постигнува голови и да создава шанси за своите соиграчи. Но, кога Аргентина ќе ја изгуби топката не помага многу во одбраната и тука ја гледаме нашата шанса“, изјави Ван Гал.

Еден од новинарите директно го праша Ван Гал како ќе го запре Меси.

„Сите ќе видите во петок“, кратко одговори холандскиот стратег.

Аргентина и Холандија својот натпревар го играат во терминот од 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот