Валтер: Патуваме во Шпанија без Дејвис, ни следи интересен натпревар со Бидасоа Ирун

фото: РК Еурофарм Пелистер

Во вторник (6 декември) со почеток од 20.45 часот во Шпанија екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра против Бидасоа Ирун во рамките од петтото коло во Европската лига.

По триумфот над Мотор Запорожје во Диселдорф, македонскиот вицешампион ќе се соочи со противник кој исто така има учинок од две победи и два порази.

На табелата во групата „Д“ води Фуксе Берлин со осум бодови, исто толку има и второпласираниот Скандерборг Архус, следуваат Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер по четири бодови, а ниту еден Мотор Запорожје и Агуаш Санташ.

Како загревање за новиот меѓународен предизвик, играчите на тренерот Ларс Валтер во домашниот шампионат во Кавадарци со 30:20 триумфираа против Тиквеш.

– Немаме многу време за подготовка за овој натпревар, па затоа важен ќе ни биде тренингот пред натпреварот во понеделник. За жал, патуваме во Шпанија без Дејвис, кој се повреди, но во тимот се враќа Павле Атанасијевиќ. Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав, гледлив ракомет и верувам дека ни следи интересен натпревар – вели Валтер.

Според ракометарот на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески, Бидасоа Ирун е една добра екипа, се работи за сериозен противник.

– Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија – се зборовите на Костески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот