Фото: EPA/BIEL ALINO

Валенсија до важна победа во Ла Лига, мирна мрежа за Димитриевски против Осасуна

Денеска во 26 коло од најсилното шпанско фудбалско првенство екипата на Валенсија на домашен терен со 1:0 ја совлада Осасуна.

Стрелец на единствениот гол на мечот на стадионот Местаља во Валенсија беше белгискиот интернацицоналец Ларжи Рамазани од пенал во 67 минута.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го одигра целиот меч за Валенсија и не дозволи ниту еднаш да биде затресена неговата мрежа.

Ова е важен триумф за Валенсија во борбата за опстанок во Ла Лига, моментно е на 14 позиција со 29 бодови, пет повеќе од Мајорка на 18 место која е во опасната зона за испаѓање. Осасуна по 11 пораз сезонава е на 10 место со 33 бодови.

Во следното коло Димитриевски и неговите соиграчи на 8 март ќе го пречекаат составот на Алавес кој моментно е на 16 место со 29 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот