Вал Килмер: Искашлував крв, креветот беше црвен…

профимедиа

Актерот Вал Килмер (60) се бори со рак на грлото од 2015 година. Поради лошата здравствена состојба, холивудската ѕвезда стана непрепознатлива.

Во своите мемоари „Јас сум твојот Хаклбери“ тој откри дека неговата поранешна девојка Шер (73) го поканила во куќата за гости кога му била дијагностицирана сериозната болест.

„Се разбудив една ноќ затоа што искашлував крв. Креветот ми беше целосно црвен, како во сцена од ’Кум’. Веднаш се помолив и повикав брза помош. После тоа, ја известив мојата газдарица. Шер ја презеде контролата врз ситуацијата и се снајде многу добро“, рече Килмер за магазинот „Пипл“.

Вал ретко зборува за приватниот живот, а дека има рак на грлото потврди дури во едно од интервјуата во декември 2017 година.

профимедиа

„Се излекував со молитва“, рече тој во тоа време иако многумина сметаа дека Килмер ја премолчел операцијата на која, наводно, се подложил во 2015 година.

Килмер зад себе има еден неуспешен брак со актерката Џоан Вали (58), кој траеше од 1988 до 1996 година, а потоа веќе ништо не се знае за нивниот љубовен живот. Поранешните сопружници имаат ќерка Мерцедес (28) и син Џек (25).

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот