Вакцинирани сте и сте прележале ковид-19? Хибридниот имунитет е најдобра заштита

вакцинација илустрација
Фото: EPA-EFE

Научниците со месеци се мачат да најдат одговор на прашањето како поединци откако се вакцинирале и се заразиле со коронавирусот имаат толку силен имунолошки одговор, а со ова прашање особено се занимавала студијата спроведена од Универзитетот за здравје и наука во Орегон (ОХСУ), кој се занимава и со проучување на имунитетот на оние кои прво се заразиле, а потоа вакцинирале.

Од почетокот на пандемијата, од оваа болест во светот починаа околу 5,6 милиони луѓе, а администрирани се околу 9,6 милијарди дози вакцини. Во споредба со невакцинираните лица, оние кои се вакцинирани помалку страдаат од сериозни симптоми и ретко умираат, се наведува на страниците на Центарот за контрола на здравјето.

Можноста за повторна зараза е голема бидејќи вирусот циркулира околу нас во големи количини, објаснува д-р Фикаду Тафесе, авторка на студијата.

Научниците се свесни дека инфекцијата обезбедува имунитет, но сега се дебатира за тоа колку долго трае и колку е силен. Со оглед на тоа дека се бележи голем број повторни инфекции и некои луѓе кои се вакцинираат по болеста, научниците сакаа да откријат како овие фактори влијаат на имунитетот.
Тие собрале податоци од 104 испитаници. Во прашање се целосно вакцинирани кои се заразиле порано, оние кои се заразиле по вакцинацијата и оние кои биле вакцинирани и никогаш не се заразиле.

Откако на сите испитаници им земале крв, го мереле имунолошкиот одговор. Научниците сфатиле дека не е важно дали некој прв ја примил вакцината или се заразил, имунитетот слично реагира.

„Нема разлика, а во секој случај ќе стекнете силен имунитет“, тврдат експертите.

Тие исто така тврдат и дека хибридниот имунитет е силен без разлика на возраста. Таквиот имунитет е силен, но секако се советува дека најдобро е да се вакцинирате и да преземете чекори за заштита од вирусот.

„Во подобра позиција сме ако се вакцинираме, а ако вирусот нѐ нападне, ќе имаме поблага форма на болеста и на крајот добар имунитет“, истакнува д-р Тафесе и додава дека хибридниот имунитет е најдобриот имунитет што може да се стекне.

Дали хибридниот имунитет значи крај на пандемијата? Научниците сметаат дека тоа е можно, бидејќи резултатите од претходните трудови и испитувања покажуваат дека вирусот САРС-КоВ-2 може да стане ендемична инфекција, како што е сезонската инфекција на дишните патишта (респираторниот тракт).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот