Вака се сака клубот: Фановите на Динамо Дрезден со овации ги поздравија фудбалерите кои испаднаа од Втората лига (ВИДЕО)

Славниот германски тим во наредната сезона ќе настапува во третата германска лига.

Иако имаа теоретски шанси во пресрет да последното коло да останат во втората лига, ремито против Оснарбик (2:2) го однесе Динамо Дрезден во понизок ранг на натпреварување.

Фудбалерите беа во шок по ремито и за тоа ги обвинија челниците на лигата и на германската фудбалска федерација кои им наложија да одиграат дури седум натпревари за само 18 дена.

Но, неколку илјади навивачи се собраа пред стадионот на Динамо Дрезден за да ги поздрават своите фудбалери и да им се заблагодарат на трудот кој го вложија за да останат во „Цвајта“.

Навивачите не упатија ниту една навреда или пцовка кон фудбалерите туку со песна им дадоа поддршка и ветија дека ќе бидат со нив и во наредната сезона.

Динамо Дрезден беше во подредена ситуација во однос на останатите екипите од втората лига бидејќи пред рестартот на „Цвајта“ поминаа 14 дена во карантин поради што пропуштија три натпревари. Поради тоа беа приморани да играат седум натпревари за 18 дена и тоа ритам не можеа да го издржат и на крајот ги чинеше испаѓање од лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот