Вака ќе изгледа Series 8 Gran Coupe!

Неколку фотографии на BMW Series 8 Gran Coupe, моделот за 2020 година, „протекоа“ на интернет во пресрет на премиерата на моделот, која е закажана за крајот на месецот. Од нив можете да го видите изгледот на автомобилот, како и дел од внатрешноста.

На предниот дел можете да се забележат веќе познатите фарови и решетката на ладнилникот, како и отворите за вентилација од страна. Како целина, повеќето од стандардните купе елементи исто така се испорачани во новата верзија, која доби и поголемо растојание меѓу двете оски покрај дополнителните задни врати.

Добро се забележуваат и страничните прагови и косиот покрив, вградениот заден спојлер, тенкото задно светло и издувениот систем со две дупли цевки.

Сликата од ентериерот е делумна, но сосема е логично да се сугерира дека Series 8 Gran Coupe ќе добие управувач со три краци, 12,3-инчен дигитална инструмент-табла и 10,25-инчен забавен систем. Ќе има метални акценти кои се комбинирани со скапа кожа.

Моќните единици ќе бидат истите, како постојните купе и кабриолет верзии. Тоа значи дека новиот модел ќе се потпира на 6-цилиндричен дизел со капацитет од 3,0 литри, развивајќи 320 КС и 680 Nm, како и новиот 4.4-литарски V8 бензински мотор со две турбини, кој нуди 530 КС и 750 Nm. Додека M-верзијата ќе биде со истиот 4.4-литарски V8 со 600 КС во стандардната верзија и со 625 КС во верзијата Competition.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот