Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц / фото: Wikipedia

Вајц се надева дека по локалните избори Македонија ќе ги направи уставните измени

Австрискиот европратеник Томас Вајц изрази надеж дека по локалните избори ќе бидат „направени потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница во Уставот како малцинство“.

Вајц во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и Медиумската информативна агенција (МИА), вели дека усвојувањето на уставните измени ќе го отвори патот за вистински почеток на преговорите.

„Земјата сега е опфатена со пристапниот процес, но всушност ги немаме започнато преговорите. Треба да ги започнеме наскоро за да ја одржиме земјата на вистинскиот пат“, вели Вајц.

Според него, македонската влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, коридорите и безбедносните прашања, со што има одреден напредок, но сепак вели дека засега сè уште недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат.

„Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок“, додава Вајц.

Бугарскиот претседател Румен Радев за време на вчерашната средба со претседателот на Унгарија, Тамаш Сујок, повика Унгарија да ја убеди Северна Македонија дека промената на Уставот и европскиот консензус по однос на ова прашање се неотповиклив услов за членство во Европската Унија.

Радев: Ја повикав Унгарија да ги убеди нашите браќа од Македонија на уставните измени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот