В понеделник се отвораат дел од средните училишта во Грција со задолжителни тестови двапати седмично

epa08979547 Students proceed to a secondary school in Athens, Greece, on 01 February 2021. Secondary schools in Greece reopened after being closed for several weeks due to the coronavirus pandemic and the health restrictions imposed as a precaution against its spread. The decision to reopen schools was taken on the basis of a recommendation by the health ministry's committee of coronavirus experts. EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Со потврда за негативен резултат од направениот тест за ковид-19 за домашна употреба (селф тест) два пати седмично, задолжителна како за учениците, така и за професорите, од понеделник се отвораат дел од средните училишта во Грција, односно за учениците на возраст од 16 до 18 години, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, попладнево соопшти дека новиот вид тестови што ги воведува Грција, а ќе бидат бесплатни, се задолжителни и за учениците и за професорите и ќе треба да ги прават или вечерта или наутро пред заминување на училиште, секој понеделник и четврток.

Учениците и професорите, тестовите ќе ги набавуваат од аптеките, ќе ги прават во домашни услови, а резултатите ќе се пријавуваат на специјална интернет платформа.

При негативен резултат, ќе добиваат училишна карта, што ќе биде задолжителна за следење настава, а при позитивен резултат ќе треба да се спроведе и второ тестирање, но во здравствена институција.

Алтернативниот министер за здравство на Грција Василис Кондозаманис рече дека тестовите за домашна употреба од утре, преку аптеките, ќе бидат достапни за учениците и професорите.

Досега, пристигнати се два милиони, а до следниот петок, планирано е да пристигнат уште седум милиони вакви тестови.

Кондозаманис објасни дека и селф тестовите се во категоријата брзи тестови, со таа разлика што се полесни за употреба, преку назален брис и не е потребен надзор од медицинско лице

Паралелно, на денешната прес конференција, беше презентиран и видео спот со сите упатства за употреба на новите т.н.селф тестови.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас се осврна на ситуацијата со пандемијата во земјата, соопшти 3.445 нови случаи, од кои 1.670 во областа Атика и 75 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, но и истакна дека вчера, имало рекорден број вакцинации, вкупно 59.969.

Од почетокот на имунизацијата до 16 часот денеска, според Кикиљас, биле спроведени вкупно 1.983.180 вакцинации, од кои над 1,2 милиони граѓани ја примиле првата доза, односно 12,53 отсто имунизациска покриеност, а 686.924 се вакцинирани и со двете дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот