В недела ќе се дарува крв во чест на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, информираат од градскиот Црвен крст.

Годинава, акцијата ќе се одржи в недела, на 25 јануари 2026 година, во холот на Домот на АРМ, во периодот од 9 до 17 часот, а во организацијата се вклучува и  Општинската организација на Црвен крст -Гази Баба, со поддршка на Институтот за трансфузиона медицина.

Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број граѓани, а особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше Проески препознаваат силен пример за хуманост. Досега, преку овие крводарителски акции се собрани над 6.000 единици крв, при што особено охрабрувачки е големиот број млади и првократни крводарители кои активно се вклучуваат, инспирирани од пораките што Тоше ги пренесуваше, велат од градскиот Црвен крст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот