Ужас во Србија: Брат и сестра ја убиле маќеата, на својот татко му нанеле 41 убод со нож

Фото: Новости

Дваесет и тригодишниот М.П. од селото Трешњевица кај Параќин е уапсен под сомнение дека ја убил партнерката на својот татко, а потоа се обидел да го убие и својот татко Милош П.

Уапсена е и неговата сестра М.П. на возраст од 27 години која е осомничена за кривично дело убиство во обид во соизвршителство.

Момчето утринава во полициската станица признал дека го нападнал неговиот татко , но изјавил и дека ја убил својата маќеа Марина М. Полициската патрола веднаш се упатила на местото на злосторството, а безживотното тело на починатата било затекнато превртено на стомак во локва крв.

Необично е тоа што и покрај нанесените 41 убод со нож, таткото успеал да го грабне ножот и истрчал кај соседите, од каде што повикале полиција и итна помош, која му ги санирала повредите во болницата во Параќин

Братот и сестрата се во притвор.

„Разговарав со мајка ми вчера попладне. Се беше во ред. Таа одеше до контејнерот да го фрли ѓубрето, подготвуваше огревно дрво за вечерта. Ништо не укажуваше на тоа дека тоа може да се случи“.

Ова е изјавата за Блиц.рс од Виолета Живановиќ Кркиќ, ќерка на Марина М, која синоќа беше брутално убиена во нејзината куќа во селото Трешњевица кај Параќин.

Виолета за Блиц.рс истакнува дека нејзината мајка добро се сложувала со Милош, со кого била во вонбрачна врска десет години, но не и со неговите две деца – Милица и Марко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот