Ужас во село во ДР Конго, екстремисти упаднале и убиле 20 мештани

Бунтовници од Сојузничките демократски сили (ADF), за кои се верува дека се поврзани со Исламската држава, вчера упаднале во селото Самбоко, во Демократска Република Конго, и ги нападнале локалните жители, убивајќи 20 и киднапирајќи уште засега неутврден број селани, изјави претседателот на граѓанската организација Мамове, Кинос Катухо.

Катухо додаде дека војската на ДР Конго ослободила двајца заложници по судирите со бунтовниците.

На истокот на ДР Конго со години наназад трае конфликтот за превласт на териториите богати со руда меѓу повеќе од 120 различни вооружени групи.

Според Обединетите нации, во нападите на АДФ од април минатата година досега се убиени најмалку 370 цивили и стотици други киднапирани, а голем дел од нив се деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот