Посебен режим на сообраќај / Фото: МВР

Утре ќе бидат затворени повеќе улици во Скопје – ќе се маршира за Денот на жената

Министерството за внатрешни работи информира за посебен сообраќаен режим утре во Скопје, со почеток во 12:00 часот. Причината е протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената.

Маршот ќе се одвива со траса на движење од пред парк Жена Борец на улицата „11 Октомври“, во продолжение по улица „Димитрија Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“, во продолжение по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Ристо Шишков“, десно по улица „Благоја Страчков“, десно по улица „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и завршува кај парк и спомен плочата во чест на „Вера Јоциќ“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот