Утре дел од скопските општини без струја

струја

Од 8.30 до 14.30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Раовиќ, Паничари, Семениште, Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Чајлане и објектите на Млин Самас, АС ОИЛ, објектите на езерото Треска, наплатна рампа Арнакија, Виа Комерц, Мобимак Раовиќ во Општина Сарај.

Во периодот од 11.30 до 14.30 часот утре без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улиците „24″, „29″, „31″, „33″ и „35″ во Општина Сопиште.

Без електрична енергија утре од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Будимпештанска”, „Урош Џудовиќ”, „Хелсинки”, „Бањалучка”, „Љубица Георгиева”, „Московска”, „Хашка”, „Јоаким Осоговски”, „Осло” и „Женевска” во Општина Карпош.

Од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Трета македонска бригада” подулица број „1″ во Општина Аеродром, а од 12 до 14.30 часот корисниците од улицата „Питу Гули” бр.36, 38, 40 и 42 во Општина Центар.

Без струја од 12 до 15 часот утре ќе бидат дел од корисниците од улицата „3″ во Визбегово, а од 9 до 11.30 часот дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев” бр.5, 91 б, 99 и 101 во Општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа во Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот