уставен суд / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Уставниот суд ќе ја разгледува одлуката на Владата за бројот на советници во општините

Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува иницијативите за одлуката на Владата со која е утврден бројот на членовите на советите на општините.

За ова прашање се поднесени три иницијативи. Првата ја поднесе Скендер Реџепи, кој тврди дека Владата ја донела одлуката без законско овластување, со што се создава правна несигурност. Според него, бројот на членовите утврден со одлуката не е во согласност со член 34 од Законот за локална самоуправа и не е јасно врз кои податоци е базирана.

Втората иницијатива е на Ќенан Алија, кој смета дека одлуката е спротивна на членови од Уставот и од Законот за локална самоуправа, бидејќи извршната власт не може да го определува бројот на советници на начин различен од официјалните податоци на Пописот 2021.

Третата иницијатива ја поднесоа Блерим Беџети и Сали Мурати од пратеничката група „Европски фронт“. Тие наведуваат дека одлуката се темели на правно спорни методолошки основи, бидејќи Уставниот суд веќе укинал делови од Методологијата за спроведување на пописот во 2021 година, на кои, според нив, се заснова и владината одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот