Успешни прегледите, Интер ќе го промовира Ериксен! (ФОТО)

фото: твитер

Се очекува новото зимско засилување со клубот од Милано да потпише договор до лето 2024 година, а вредноста на трансферот се проценува на 20 милиони евра!

Уште од претходно се најавуваше заминувањето на данскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, денеска се потврди дека се наоѓа пред голем трансфер во Интер.

Кристиан Ериксен кој во изминатите сезони важеше за еден од клучните играчи на Тотенхем, иако во меѓувреме на клупата седна новиот менаџер Жозе Мурињо, сезонава во Премиер лигата (20 натпревари, два голови) немаше голема минутажа поради шпекулациите за негов трансфер на „Џузепе Меаца“.

Како што информираат италијанските медиуми, Данецот успешно ги помина лекарските прегледи.

Се очекува новото зимско засилување со клубот од Милано да потпише договор до лето 2024 година, а вредноста на трансферот се проценува на 20 милиони евра!

Според италијанскиот „Скај“, во вторник се очекува миланските „неро-аѕури“ ќе го промовираат новото зимско засилување.

27-годишниот играч за врска во нападот од 2013-та имаше вкупно 225 натпревари и 51 гол за лондонскиот клуб. Беше финалист во англискиот Лига куп и минатата сезона во Лигата на шампионите.

Својата кариера ја започна во екипата на холандскиот клуб Ајакс со кој успеа трипати да ја освои холандската фудбалска лига и еднаш националниот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот