Успешна туристичка сезона во Грција, Хрватска во минус
Грција бележи раст на пристигнувањата на странски туристи оваа сезона, вели официјалната статистика. За разлика од Хрватска, која е во минус трета година по ред за време на шпицот на сезоната на клучните туристички пазари како што е Германија, Грција продолжува да бележи раст на пристигнувањата на странски туристи, според официјалната статистика за август- пренесе Политика.
Препорачано
Според податоците од грчката туристичка асоцијација SETE, меѓународните пристигнувања со авион од јануари до август 2025 година достигнаа 19,9 милиони, што е за еден милион патници повеќе отколку во истиот период во 2024 година, или за 5,6 проценти повеќе. Само во август се регистрирани 4,8 милиони пристигнувања, што претставува раст од 6,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Хрватска имаше 4,4 милиони странски туристи во август, исто како и минатата година.
Податоците од Хрватскиот туристички завод покажуваат пад на бројот на ноќевања од странски туристи по должината на јадранскиот брег, кој се движи од два до четири проценти во споредба со минатата година, а континенталниот туризам е исто така во мал пад, иако пристигнувањата се на минатогодишното ниво.


