Уште три ресторани во Белград добија „Мишелин“ ѕвезди

Ресторан во Белград, Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Компанијата Мишелин во својот гастрономски водич за 2023 година вклучи уште три ресторани од Белград, а сега на листата има вкупно 17.

Од следната година, Метрополитен Грил, лоциран во близина на Музејот на современа уметност, Скај Лоунџ и Вингт-До, сместени на десеттиот кат од хотелот Метропол, најдоа место во Водичот на Мишелин. Покрај овие три нови адреси, во него и следната година ќе останат сите ресторани кои најдоа место во овогодинешниот водич на Мишелин, објави Данас рс.

„И покрај тешкотиите предизвикани од ковид19 за угостителството и меѓународниот туризам, Белград ја покажа својата приспособливост и продолжува да оди напред. Нашите тимови на инспектори беа воодушевени од висококвалитетните јадења кои се служат во препорачаните ресторани, со кулинарска понуда која се карактеризира со модерност и разновидност, но и фокусирање на локалните кулинарски традиции“, изјави Гвендал Пуленек, меѓународен директор на Мишелин водич.

Изборот на ресторани за 2023 година препорачан од водичот на Мишел за Белград е достапен бесплатно на веб-страницата и во апликацијата, а заедно со овие препораки Водичот содржи и, како што се наведува во соопштението на компанијата, избор на хотели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот