Уште се справуваат со загубата на татко им: Посебна приказна на актерките Ана и Јана Стојановски
Актерките Јана Стојановска и Ана Стојановска споделија ретка заедничка приказна што ја покажа нивната сестринска љубов и поврзаност.
Препорачано
Јана на Инстаграм објави спонтана и топла фотографија, која ја споделија со своите следбеници. На сликата, сестрите позираат во опуштена домашна атмосфера, прегрнати и насмеани, додека прават селфи пред огледало.
Објавата предизвика позитивни коментари и емотикони, во кои следбениците ги пофалија за нивната убавина и едноставност.
„Мораше на пост“, напиша во описот Јана.
View this post on Instagram
Познато е дека Јана и Ана потекнуваат од уметничко семејство. Нивниот татко, Ненад Стојановски, беше еден од најценетите македонски актери, препознатлив по бројните улоги во театарот, филмот и телевизијата.
Нивната мајка, Силвија Стојановска, исто така е позната актерка со долгогодишна кариера и бројни значајни улоги.
Особено значаен е и нивниот дедо, Ацо Стојановски – Снагата, кој важи за легенда во македонското глумиште.
Ненад Стојановски почина во 1998 година, кога Ана и Јана беа многу мали.
„Јас многу страшно ги преживеав сите тие случувања. Уште повеќе дека никому не му беше ни на крај памет дека тоа ќе се случи. Беше страшно, дека беше шок. Сестра ми имаше 9 години, јас 13, мајка ми 38. Можам да кажам дека сè уште ја поднесуваме загубата“, рече Јана во едно интервју за „Женски магазин“.
„Мојот татко Ненад е како некој суперхерој од некој филм, од некое друго време… не сум ни сигурна дали постоел, од што беше посебен. Ден-денес луѓето зборуваат со жар за него и не сум сретнала никој друг да зборува за кого било како што луѓето зборуваат со воодушевување за него и со таква леснотија го фалат, и мажи и жени. Уште не ми е јасно зошто таа лекција така… се надевам ќе ми стане јасно еден ден. Тоа што силно го чувствувам како минува времето е колку сум негова, генетски, пред сè. Јас од него наследив да можам да го пренесам тој талентиран ген на следните генерации“, изјави актерката во интервју за „Слободен печат“.


