„Сѐ уште се одлучува“, велат од Култура откако организаторите објавија дека Вевчанскиот карневал не добил државна поддршка

МИА

Од Министерство за култура велат дека се неточни изјавите на организаторите на Вевчанскиот карневал дека Министерството не ја поддржало манифестацијата оваа година. Од Култура велат дека по годинешните конкурси сѐ уште се одлучува.

-Во тек е одлучувањето по Годишните конкурси на Министерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени согласно законските норми, во рок од 45 дена по донесување на Буџетот. Во таа смисла неточни се изјавите од организатрите на манифестацијата Вевчански карневал дека Министерството за култура не ја поддржало манифестацијата за оваа година, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Оттаму посочуваат дека одлучувањето е во тек, и, како што велат, секакво мешање во работата на стручните комисии е притисок врз нивната високопрофесионална, независна работа, која се одвива согласно законските норми.

-Во интерес на вистинито и целосно информирање на јавноста, соопштуваме дека Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1 100 000 денари, се посочува во соопштението од Министерството за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот