Уште еден Македонец во албанскиот шампион Тирана

фото: facebook.com/ab9sportmanagement

Филип Најдовски кој досега ги бранеше боите на Вардар, одлучи кариерата да ја продолжи во странство.

Играчот од средниот ред во новата натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на албанскиот шампион Тирана.

Тој на промоцијата со новиот клуб потпиша договор на две години.

Претходно уште еден екс Вардарец дојде во редовите на Тирана, станува збор за десниот бек Кристијан Тошевски.

Најдовски исто така настапуваше и за екипите на Напредок, Тетекс, Победа и Цементарница Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот