Болничка соба / Фото: илустрација / архива

Уругвај е првата латиноамериканска земја што дозволува евтаназија

Уругвај вчера стана првата латиноамериканска земја што го усвои законот со кој се легализира евтаназијата, откако уругвајскиот Сенат гласаше за законот, што Долниот дом на Парламентот го одобри во август, јави Си-ен-ен.

Текстот на законот беше одобрен со 20 од 31 глас, објави весникот „Ел Обсервадор“, кој забележа дека Уругвај е првата земја во претежно католичкиот регион што ја легализира евтаназијата преку акт на парламентот – во Колумбија и Еквадор оваа практика беше декриминализирана преку судовите, потсетува германската агенција.

„Уругвај денеска повторно е на чело на агендата за правата на луѓето. Го усвоивме законот за евтаназија: мерка што ја признава слободата на избор до самиот крај, со достоинство и слобода“, наведе сенаторката Констанца Мореира на „Икс“.

Сенаторот Даниел Каџани зборуваше за „историски ден“.

„Уште еднаш на чело на проширувањето на правата, Уругвај станува првата земја во Латинска Америка со закон што дозволува евтаназија, гарантирајќи го правото на достоинствено умирање“, навед сенаторот на X.

Уругвај се придружува на само неколку земји во светот со закон за евтаназија, меѓу кои се и Холандија, Шпанија и Канада, јавува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот