Урсула фон дер Лејен: Жак Делор беше визионер кој Европа ја направи посилна
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, по повод смртта на Жак Делор рече дека тој е визионер кој ја направи Европа посилна и дека неговата работа има огромно влијание врз животите на многу генерации Европејци, пишува хрватски Јутарњи.
Препорачано
„Жак Делор беше визионер кој ја направи Европа посилна. Неговата работа имаше големо влијание врз животите на генерации Европејци, вклучувајќи ги и моите”, се вели во соопштението на Урсула фон дер Лејен.
Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, почина денеска на 98-годишна возраст. Тој бил претседател на Комисијата три мандати, од јануари 1985 до крајот на 1994 година.
За време на неговиот мандат како претседател на Комисијата, Шенген зоната, единствениот европски пазар, беа поставени темелите за воведување на единечното парично евро, како и програмата за размена на студенти „Еразмус”.
„Сите ние сме наследници на животната работа на Жак Делор: Европска унија, динамична и просперитетна”, рече таа.
„Неговото претседателство со Европската комисија беше одбележано со длабока посветеност на слободата, социјалната правда и солидарноста – вредностите кои сега се вградени во нашата Унија”, додаде фон дер Лејен.
Поранешниот претседател на Европската комисија Жак Делор почина во средата на 98-годишна возраст.


