Ураганот Умберто засилен се приближува до Бермудските Острови

Фото:Профимедиа

Ураганот Умберто денеска се засили во категорија три и се очекува да биде силен во наредните денови, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Умберто се наоѓа на околу 655 километри западно и југозападно од Бермудските Острови, со ветрови кои дуваат со 185 километри на час.

Се очекува ураганот да стигне до Бермудите вечерва или утре изутрина.

Тропска бура „Имелда” му се заканува на југоисточниот Тексас, како и на југозападна Луизијана во наредните денови. Се очекуваат поројни дождови и поплави, но надлежните метеоролози во Хјустон изјавуваат дека е добро што земјиштето е суво после летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот